Од синоќа пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола пожарот кој избувна на депонијата Мауцкер.
-Пожарникарите велат од синоќа го гаснат пожарот. Тој е под контрола и нема опасност од негово проширување. Моментално се интервенира и со багерите на ЈП Комуналец. Се посипува песок.
Слична интервенција пожарникарите од Охрид имаа и пред десетина дена, кога исто така гореше отпад на депонијата. 
