На полноќ отворена Ретроспективната изложба на безвременскиот Вангел Наумоски

Магичноста на уникатната „Охридска порта – Љубица“, синоќа повторно не собра заедно, да искажеме должна почит и да ја одбележиме 100 годишнината од раѓањето на Вангел Наумовски, магот на ликовната уметност и еден од најголемите творци на Охрид и Македонија во 20 век, истакна во својот говор градоначалникот Кирил Пцеаков на свеченото отворање на Ретроспективната изложба на полноќ.

-Чествувањето на великиот Вангел Наумовски со отворањето на ретроспективната изложба на неговите дела, ја покажува нашата сегашна определба, а воедно е и аманет за идните генерации, делото на големиот уметник, засекогаш да биде запаметено во колективната меморија на Охрид и Македонија. Со синоќешното чествување, исполнуваме само мал дел од обврската кон сите великани кои оставиле културен и цивилизациски белег во милениумската историја на Охрид и Македонија, а Вангел Наумовски несомнено е во самиот врв на таа листа на достоенственици. Во оваа прилика сакам да искажам голема благодарност до семејството Наумовски за вонредните напори во подготовката на оваа изложба, со која уште еднаш ни е овозможено да уживаме во безвременската убавина на делата на големиот Вангел Наумоски, рече Пецаков.

На самата манифестација беа прикажани и архивски материјали, филмски приказ, за поезијата од Вангел која го открива охридскиот сликар и како создавач, како творец, а имаше и презентација на „Универзумот на Вангел Наумоски“ од Трајко Митрески која преставува „Инспирација од уметник за уметник“.

На изложбата која ја организора семејството на Наумоски со поддршка од општина Охрид, достојно му се оддаде почит  на безвременскиот уметник, сликарот од бајките, кој го призна светот.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани