Привршуваат активностите поврзани со фудбалското игралиште во поранешна Касарна. Ова многу значајно спортско игралиште, посебно за жителите на тој делот од градот, кое децении беше запоставено и напуштено ќе добие нов лик и за брзо сите фудбалски клубови и школи ќе можат да го користат, се вели во соопштението од ЈП “Билјанини Извори”.
Со предвидените активности ЈП “Билјанини Извори” со поддршка на Општина Охрид ги реализираа следните активности: расчистување на теренот, механичка обработка на теренот со рото фреза, ласерско порамнување на теренот, машинско засејување на теренот и ѓубрење за прираст, околчување на патека и ископ на канали, инсталација на систем за наводнување и инсталирање на зонски паметен контролер за наводнување со Wi-Fi.
Од претпријатието апелираат сите граѓани кои се движат во близина на фудбалското игралиште да внимаваат каде се движат бидејќи сеуште не се завршени сите предвидени активности.

