Противпожарната интервенираше на опожарено возило.
-Ноќеска во 00:15 примена е дојава за запалено возило.. ТППЕ Охрид интервенираше со 1 возило и 3 пожарникари, информираат од Противпожарната единица Охрид.
На 27.10.2024 година во 00,20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во патнички автомобил „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.С.А.(35) од Скопје, кое било паркирано во охридското село Пештани, покрај регионалниот пат Охрид-Св.Наум, избувнал пожар. Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. По насока на јавен обвинител, врз моторното возило ќе биде извршен вештачење.

