Синоќа во општина Охрид беше претставена изложбата, среброререз – “33 ХРИСТОС ЖИВОТ ЗА СПАС НА ЧОВЕШТВОТО”, во чест на Патронот Свети Климент Охридски. Беа изложени 33 микроекспонати, уметнички дела, рачно изработени на сребрени плочки, односно 33 парчиња уметнички сребрен накит, кои ги симболизираат годините кои ги имал Исус Христос кога пострадал.
На покана од Општина Охрид, а по повод нашиот Патрон, Свети Климент Охридски, во Општина Охрид беа изложени уметничките микроекспонати на Боро Митрески Минта.
Единствениот среброрезец во Охрид е човек што службувал во безбедноста, работел во СВР Охрид, посветувајќи се половина век на каратето, но и три децении кон уметноста, на филигранската обработка и резба на некои метали како златото, среброто и бакарот. Неговите фасцинантни сребрени експонати се естетика за душата, спој на македонскиот вез, уметноста на тантелата, и барокната резба на нашите копаничари.
ФОТОГАЛЕРИЈА


















