Повреди на раце,нозе, лице, опекотини и трајни телесни инавлидитети се дел од повредите во десетиците несреќи годишно, кои се препишуваат на експлозиите од петарди. Во пресрет на празниците кога забележително е зачестена употребата на пиротехнички средтсва,во Охрид започна кампањата „ПЕТАРДИТЕ НЕ СЕ ИГРАЧКА“. Преку едукативни флаери и симултани вежби, целта е да се подигне свеста за опасностите и ризиците од употребата на пиротехнички средства.

-Преку организирање на вакви јавни настани кои што треба д апокажат и укажат на најмладите рпед се но и на нивните родители дека користењето на петарди не е играчка, последиците од користењето на такви пиротехнички средтсваможе да биде многу лошо, опасно па и фатално во некои случаи токму, вели Сашо Точков претседател на Црвен крст Охрид.
Од охридската полиција потсетуваат дека продажбата на пиротехнички средства е нелегална, а казните се високи и за оние кои употребуваат, но и за оние кои продаваат.

-. Според казнените одредби на Законот за јавен ред и мир паричната казна изнесува од 200 евра а согласно кривичниот зкаоник член 396 за оние лица кои набавуваат поголеми парчиња пиротехнички средтвса казнените одредби се од 3 до 10 години затворска казна, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Светската статистика покажува дека над 150.000 луѓе во светот годишно остануваат инвалиди поради употреба на петарди, а дури 80 отсто од нив се деца.
Новинар Соња Рилковска
