Советниците го усвоија буџетот за 2025 година

Денес советниците, ја одржаа педесет и првата седница. На дневен ред беа осумдесет и две точки, од кои најголем дел – програми за работа на општинската администрација и јавните претпријатија. Останатиот дел од денешната седница, се однесуваше на усвојување на одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти.Со неколку минутна дебата, сите точки на дневниот ред беа усвоени. Ова беше последна седница на советот за оваа календарска година.

-Денеска Советот на Општина Охрид ги усвои годишните програми и буџетот за 2025 година.

Во духот на траспарентното работење, би сакал да ја информирам јавноста дека основниот буџет на Општина Охрид за наредната година изнесува 1.210.850.000 денари, а вкупниот буџет е 1.957.195.223 денари.
Станува збор за историски најголем буџет на општината, перспективен и развоен и истиот ќе значи многу за Охрид и неговите граѓани.
Општина Охрид втора година со ред, 2023 и 2024 година уште на почетокот на ноември остваруваше 100% од приходната ставка на буџетот и двете години со ред пренесувавме салдо во новиот буџет кој можевме да го планираме.
Претходно, најголемиот дел од средствата ги искористивме за одблокирање на сметката на Општина Охрид, а сега најголем дел од средствата се предвидени за капиталните инвестиции, но и поединечно по ставки во животна средина, туризам, локален економски развој, спорт, култура, социјална заштита и за подобрување на условите за живеење во сите делови на општината.
Горд сум што Општина Охрид после многу години застанува на здрави нозе, посебно од финансиски план и се радувам што ни претстои еден инвестициски бум по однос на капиталните инвестиции, информира градоначалникот Пецаков.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани