Драмско студио Цвет 75 од Охрид ја изведе новата претстава- Приказни, пред ученици од ООУ Свети Климент Охридски.
Претставста е со наслов Приказни и содржи четири приказни,Облеката на царот,Решил да се стори цар ,Умот и среќата и Жена што не јаде. Учествуваа: Климент Размоски, Климентина Глигороска, Ангела Велкоска, Софија Велкоска, Никола Боцески, Иван Мицески, Марија Стојаноска, Делфина Митреска Раководител Драгана Боцеска. На духовит начин приказните повторно добија нов живот изведени од деца пред детска публика. Драмско студио Цвет 75 оваа година имаше три нови претстави и десетина настапи пред ученици и на културни манифестации .



