Одземен му е пасошот на струшкиот градоначалник

На струшкиот градоначалник определени му се мерки на претпазливост, одземена му е патната исправа. Тој треба еднаш неделно да се пријавува во судот. Мерките се побарани поради опасност од бегство, бидејќи во текот на вчерашниот ден ОЈО Струга поднесе уште едно обвинение против него.

Отворен е предмет за незаконски поставеното  спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое се товари дека поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга.

ОЈО Струга годинава поднесе повеќе обвиненија и веќе води осум судски постапки за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење во службата, надлежниот јавен обвинител оцени дека постои реална опасност обвинетиот да се обиде да го избегне кривичниот прогон.

Со  последното поднесено обвинение вчера, во основните судови во Струга и во Битола, против Мерко  ќе се водат вкупно девет активни судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани