Осумнаесетгодишник од Велгошти со нож повредил врсник од Охрид.
На 29.12.2024 во 03.15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.Ш.(18) од охридското село Велгошти. Тој, претходно во ноќен клуб на булевар „Железничка“ во Охрид, физички и со остар предмет го нападнал П.А.(19) од Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
