Во една вечер три инциденти во ноќен клуб во Охрид.
На 05.01.2025 година во 03.15 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен е В.К.(26) од Дебар кој претходно предизвикал вербална расправија со П.Ч.(22) од Струга а потоа физички го нападнал по што, настанала меѓусебна тепачка. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.01.2025 година во 04.25 часот, во деловен објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Р.(24) и Л.Р.(19), двајцата од Струга, од една и, К.С.(19) и С.К.(19), двајцата од Охрид, од друга страна. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид, против нив ќе поднесе соодветна пријава.
На 05.01.2024 година во 02.30 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен е Б.Р.(26) од Поградец, Република Албанија, откако кај него, беше пронајдена и одземена опаковка со бела прашкаста материја. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во билтенот на СВР Охрид.
