Утре голема Бадникова поворка во Охрид

Бадникова поворка што по традиција ќе се одржи на Бадник 06.01.2025 година, ден пред големиот христијански празник Божиќ.

Пеејќи ја возобновената христијанска песна ,,Вечниот Бог”, со ѕвезди во рака околу 800 деца од Охрид  ќе го најават Христовото раѓање.

Поворката тргнува утрото во 10:30 ч. од црквата ,,Св. великомаченик Георгиј” – Горна Влашка Мала и ќе се движи по ул. „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“ и охридската чаршија.

Во 12.00 ч. на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ кај бадниковата пештера коледарчињата ќе ги пречека градоначалникот Кирил Пецаков, заедно со советниците од Советот на Општина Охрид, директорите на охридските јавни претпријатија кои ќе ги даруваат со пригодни подароци.

Предводници на поворката ќе бидат Ѓоко Танески .

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани