Стружанец насилно си ја зел колата одземена од пајак службата во Охрид

Стружанец насилно си ја зел колата одземена од пајак службата во Охрид.

На 10.01.2025 во 18 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, едно лице насилно ја отворило металната врата од паркинг простор на улицата „АСНОМ“ во Охрид, кој го користи ЈП  „Комуналец – Механизација“, каде било паркирано патничко возило „фолксваген поло“ со струшки регистарски ознаки, претходно одземено од пајак службата на претпријатието, и откако го отклучил, заминал со него. Се работи на расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани