Општина Охрид објави ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА
КОМУНАЛНИ УСЛУГИ.
Субвенционирањето на трошоците за комунални услуги, се однесува за периодот
од 01.01.2025 година, заклучно со 31.12.2025 година.
Согласно програмата за социјална заштита во буџетот на општина Охрид за оваа
намена се предвидени 2.300.000,00 денари.
Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 703,00 денари месечно, за секој корисник на
субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненети:
• Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 320 денари за секој
корисник на услугата, односно на субвенцијата;
• Покривање на трошоците за спроведување на отпад до 150 денари за секој
корисник на услугата, односно на субвенцијата;
• Покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до
150денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
• Покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина до 83 денари за
секој корисник на услугата, односно на субвенцијата.
Субвенционирање од средствата на буџетот на ОпштинаОхрид ќе можат да користат
лицата кои имаат статус на:
– Корисник на социјална помош;
– Корисник на постојана парична помош;
