Охрид деновиве во знакот на големиот христијански празник Водици. По охридската чаршија се развеаја Богојавленските знамиња, пристаништето е украсено, тезгите за греана ракија се поствени. Најголемата црковно народна манифестација ќе се случи во недела, положувањето на Светиот крст во водите на Охридското езеро ќе биде во 10 часот.




