Јавен повик за еднакратна финансиска поддршка на лице во згрижувачко семејство

Општина Охрид објави ЈАВЕН ПОВИК за еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид .

Општина Охрид за буџетската 2025 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на лица (деца) кои се згрижени во семејства што опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство. Предвидената финансиска поддршка изнесува 10.000,00 денари по згрижено дете. 1. Услови кои лицата треба да ги исполнуваат: – да се згрижени во семејство на територијата на Општина Охрид; 2. Потребни документи и начин на пријавување – пријава за користење еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид; – копија од лична карта од носителот на згрижувачкото семејство; – трансакциска сметка од носителот на згрижувачкото семејство; – решение за сместување во згрижувачко семејство издадено од надлежен Центар за социјална работа; Пријавите заедно со документите се доставуваат по пошта во затворен коверт на адреса: Општина Охрид ул.„Димитар Влахов“ бр.57 – Охрид со назнака „3а Комисија за спроведување на постапка за еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид , или лично во архивата на општина Охрид.

Сите детали тука

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани