Селекцијата на отпадот на незавидно ниско ниво

Во четири охридски училишта се спроведува проектот се спроведува проектот  Училишта без пластика.  Формирани се еко секции и се работи на еколошка едукација и подигнување на свеста за рециклирање и селекција на отпадот. Целта на проектот е создавање одржлив систем за селектирање пластика, метал и ситен електронски отпад.

Во училиштата  честопати се спроведуваат  собирни акции на  пластични шишиња но и креативни акции од отпад создавање дела.

-Од осум училишта мометално во четири се спроведува програмата најавено ни е петто училиште кое ќе биде дел о нашето еко друштво. Поентата на еко секциите е да се направи едно јадро на уленици и анставнички кадар кои имаат афинитет кон екологијата и да имаат можност да се едузираат и да бидат носители ан тој систем за одржливо одлагање на отпадот. Им доставивме и мали контејмнери заљ електорнски отпад идејата е да добијат односвна едукација во однос на најголемите загадувачи, вели Драгана Карашова координатор на програмата.

Селекцијата на отпадот во земјава е на незавидно загрижувачко ниво, младите од најмали нозе треба да се учат на рецисклирање и селектирање.

-Децата ги имаат основните познавања знаат дека само 9 % од пластиката на глобално ниво се рециклира проблемот е огромен се произведуваат и одлагаат и завршуваат во нестандардни депонии како што е овде кај нас на ѓубриштата. Завршуваат во реките светксите води океани и мориња прогнозата е навистина загрижувачка, затоа ние сакаме децата да ги подготвиме да размислуваат за развивање на нивните заеници и да ги научиме да бараат граѓанска свесност да бидат актвини учесници во начинот на жовеење сами да ја креираат средината, додава Карашовас.

Поради ниското ниво на свест кај граѓаните, примарната селекција на отпадот не се врши во самите домаќинства, пластичните ќеси полни со ѓубре ги фрламе во контејнерите, не се двои хартијата, пластиката, металот, лименките од измешаниот комунален отпад фрлен во контејнерите.Нешто што светот го прави од 80 год9ини. Во земјава мора да се менуваат лошите навики во однос на отпадот. Да се градат навики за селекција на отпадот за намалување на загадувањето на животната средина.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани