ВИДЕО: По 6 години застој се спроведува вештачки мрест на охридска пастрмка.

По 6 години застој се спроведува вештачки мрест на Охридска пастрмка. На Охридското Езеро во тек е изловот на полово зрели единки на ендемичниот вид пастрмка, што се користат за измолзување односно собирање икра за вештачки мрест. По пауза од шест години се врши вештачки мрест на Охридското Езеро. За мрестот се задолжени Научната установа Хидробиолошки завод Охрид и Институтот за сточарство во Скопје кој има инсталации за порибување во Струга, со кои Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство склучи договор минатата година.

На активностите денеска на терен присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој посочи дека станува збор за активност насочена кон заштита на тој ендемичен вид риба.

„Оваа активност е многу важна за нас како Министерство и како држава оттаму што со тоа се зачувува охридската пастрмка како едно од нашите национални богатства. Наредната година продолжуваме со зголемена финансиска поддршка што ќе значи поголем број млади единки со кои ќе биде порибено Охридското Езеро“, рече Трипуновски.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани