Аерозагадувањето руши рекорди

Синоќа  мерните станици во Охрид   измерија рекордни 470 мг ПМ 10 честички  на м3  Преку ден, во  има  реалтивно чист воздух, но  од 18 часот се вклучува алармот за енормно загадување на воздухот.Денес и преку ден забележително загадување на воздухот, магла смог и непријатна миризба. Мерните станици покажуваа присуство на ПМ 10 честичките над дозволените граници.

Градот опкружен со планини и езеро стана еден од најзагадените во земјава.

Екологистите загрижени, велат потребни се итни мерки за аерозагадувањето во Охридскиот регион, главен виновник ја посочуваат депонијата Буково, која чади и во зима.

-Сега  во овој момент да има политичка волја може да се преземат итни мекри за намалување на аерозагадувањето. Постојат краткорочни мерки и мерки за кои требаше да размислуваме од пред децении. Буково е голем проблем ние постојано постираме слики дека чади ете и на минусни температури,  масата доле е полна со запаливи материи и тој гас самиот се пали, вели Драгана Карашова активист од групацијата „Збогум Буково“.

Жителите на селата во близина на депонијата Буково се жалат, велат покрај честите белодробни заболувања,  нивните земјоделски производи се контаминирани.

– Верувајте дека сите луѓе во селото се разболени од белите дробови. Ланската година се што произведовме се исфрливме се беше контаминирано никој ништо не употреби. Стави го производот во вода излегуваше црна вода тоа е од чадот, раскажуваат жители на Крушје.

-Траба итно да се преземат мекри да се санира тоа да се престани со горење и фрлање ѓубре. Да се бара соодветна локација за да се носи ѓубрето, вели друг жител на Крушје.

-30 години  се расправаме.  значи овие псоледниве 30 години  стотици стотици писма сме пуштиле и се е џабе, вели жител на Крушје.

Активистите велат потребни се итни мерки за аерозагадувањето и  депонијата Буково. Вветување е дека до 2027 година ќе биде изградена стандардната депонија во Новаци , која конечно  ќе го реши проблемот со дивите депонии во регионот.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани