Бесправно градел на државна парцела.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.О.(40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. На катастарска парцела во Охрид во државна сопственост, спротивно на одобрен основен проект, тој неовластено извршил проширување со узурпирање на дворно место од заеднички станбен објект што било констатирано од овластен градежен инспектор и било донесено решение за отстранување на градбата.
