Охридската библиотека одбележува 75 години постоење

Охридската библиотека одбележува 75 години постоење. Јубилеј што заслужува респект, почит и внимание. Почетоците на библиотечната дејност датираат многу одамна уште од 19. век, кога охридскиот терзија Ангел Групчев во својот дуќан во охридската чаршија, отворил читалиште кое привлекло големо внимание и предизвикало интерес кај граѓаните.

Веднаш по ослободувањето била формирана библиотека со 315 книги а во 1945 година библиотеката броела 842 книги. Традиционално  овој значаен јубилеј се одбележа заедно со патрониот празник. Со Прличева визита се одбележаа и  132 годишнина од смртта на патронот, 195 годишнината од раѓањето на Прличев и 160 годишнината од изборот на поемата „Сердарот“ за најдобра на конкурсот во Атина.

-Може да кажам дека имавме одбележување на повеќе датуми, 132 години од смртта на нашиот преродбеник Григор Прличев исто така 75 години откако оваа библиотека со гордост го носи името на великанот. Се трудиме на таа Прличева визита традиционално и во духот на Прличев ссо неговото творештво. Така дојдовме до идеја со мојот колега Милчо Јованоски да направиме едно интервју со Героги Сталев за првиот превод на поемата Сердарот. Беше успешно и супеавме да ја доловиме таа приказна која е значајна за нашата библиотека.  Морам да кажам дека сме многу годри што го носиме името на Прличев тој е многу значаен за градот пишувал творел и го користел и охридксиот говор. Живеел тука со неговото семејство, учел се дружел и е достоен наследник на Свети Климент, вели Христина Трпеска директорка на НУ Библиотека Охрид..

Присутните имаа можност да го проследат видео интервјуто со проф. д-р Георги Сталев – Поповски првиот препејувач на поемата „Сердарот“ во форма на стих на македонски чиј автор е Милчо Јованоски. Настанот беше заокружен со доделувањето на наградата од третиот по ред Конкурс за најдобра беседа на млад автор до 30 години на тема: „Чувај се себеси“.

-Оваа година сакавме да биде на повисоко ниво да ја вклучиме цела Македонија понудивме и парична награда за да ги поттикнеме младите да пишуваат беседи. И беше мнопгу супешно имавме многу пријавени комисијата имаше задача наградената е Ева од Делчево која беше многу изненадена и ни беше драго што не почестија и додјоа да ја примат наградата, вели Трпеска.

Во издание на охридската библиотека се дури 44 книги а лани фестивалот ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКА го доби и   признанието за Библиотека со најмногу издадени книги од домашни автори  за 2024 година.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани