Привршува реконструкција на крак на улица „Дејан Војвода“

Завршуваат градежните активности за реконструкција на крак од улиците Дејан Војвода и Македонски Просветители.
-Деновиве на крак од улицата Дејан Војвода с е врши асфалтирање. Претходно се поставија нова фекална и атмосферска канализација и се изврши приклучок на сите објекти до нови приклучоци. Во рамки на проектот е и реконструкција на тротоарските површини со камени плочи и нови рабници, а дополнително се поставува и ново осветлување.
Вкупната вредност на проектот изнесува околу 14 милиони денари, информираат од кабинетот на градоначалникот Пецаков.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани