Нападнат полициски службеник во угостителски објект.
На 11.03.2025 во 19.49 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ј.С.(44) од Охрид кој претходно, во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Охрид агресивно се однесувал кон С.М.(76) од Охрид, а потоа и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
