Општина Охрид доби грант за затворање на депонијата Буково

Во врска со Проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ имплементиран од страна на UNDP со финансиска поддршка на Шведската Амбасада во Скопје и Бирото за регионален развој, со партнерство во проектот на Министерство за локална самоуправа и ЗЕЛС, Општина Охрид со UNDP потпиша:  Договор за грант во износ од 3.418.650,oo денари за имплементација на проектот “Изработка на урбанистички и основен проект за затворање, рехабилитација и понатамошна грижа за некласифицираната и нестандардна депонија Буково”.
На овој начин општина Охрид ги подобрува општинските капацитети за имплементација на инфраструктурни проекти во насока на интегрирано планирање на локалниот развој и заштита на животната средина, информира секретарот Александар Китески.
Денеска градоначалниците на единаесет општини: Градско, Крушево, Македонски Брод, Новаци, Пехчево, Студеничани, Теарце, Чашка, Чаир, Охрид и Штип ги потпишаа договорите за грантови во износ од 350.000 американски долари.
 Средствата се од Фондот за техничка документација и наменети се за изработка на 15 комплети техничка документација за подготовка и спроведување на приоритетни локални инфраструктурни проекти.
 До крајот на тековната фаза на проектот ќе се инвестираат околу 3 милиони американски долари во подготовка на над 130 комплети техничка документација. Досега проектот има поддржано 90 вакви комплети – многу од нив се реализирани преку различни национални и меѓународни механизми за финансирање.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани