Нова едукативна програма за туристите во НП Галичица

НП Галичица започна со реализација  на новата едукативна програма. Ќе се едуцираат  и возрасните, посетителите и туристите.  Целта е да се доближат природните и културните вредности и знаменитости на паркот до јавноста.  Едукацијата се состои  ќе се состои  од  прошетка  по едукативната патека, разглед на  интерактивните содржини во Инфо центарот, но и презентација за значењето и биолошката разновидност на паркот. Секој треба да биде дел од заштитата на природата.

– Едукативната програма содржи кратка прошетка по едукативната патека, која е во склоп на инфо центарот. Потоа прошетка низ инфо центарот каде на интересен сликовит начинс е прикажани знаменитостите  на НП Галичица. Една убава можност не само за посетителите и туристите, туку и за туристичките водичи, планинските водичи за подобро запознавање пред да ја искусат планината на еден авантуристички начин, дали преку планинарење, параглајдеризам или велосипедизам и слично, вели Ангела Тасеска  Михајлоска еколошки едукатор.

Покрај новата програма за посетители и туристи и годинава продолжува еколошката едукација на учениците во НП Галичица.

-И оваа година еколошката едукација бидејки е веќе интегрален дел од упрваувањето на НП Галичица ни продолжува и оваа година дури и може со уште поголем интензитет. Исто така имаме покрај за посетителите едукативна нова програма и за учениците. Секогаш се трудиме да ја доближиме природата што поблиску до децата ни продолжуваат тематксите работилници и работилниците кои што ни се во рамки на проектот мрежа за искуствено учење едне проект кој достигна огромен успех.Така што очекуваме голем број ученици и овој пролетно летен период, додава Тасеска.

Изминативе неколку години во НП Галичица се едуцираа севкупно 2000  ученици не само од Охрид туку и од цела држава.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани