НАЈАВА На охридскиот аеродром Свети Апостол Павле пристигна првиот лет од Истанбул. Со дирекна редовна авио линија Охрид се поврзува со еден од најголемите аеродроми во Европа.

Се воспостави нова редовна авио линија на релација Охрид – Истанбул. Главниот туристички центар во земјава се поврзува со најголемиот аеродром во Европа, но и со сите континенти.
Овој лет се смета за еден од најзначајните поради тоа што ќе се олесни пристигнувањето на странските, но и патувањето на домашните туристи до подалечните дестинации. Со денешниот лет пристигнаа 86 патници покрај од Турција и иселеници од Австралија и Aмерика.

Развојот на нови авиолинии не е само техничко прашање туку стратешка инвестиција во иднината на нашата економија, туризам и меѓународна соработка, рече премиерот Мицковски.
Новата авио линија ќе оперира 4 пати неделно и ќе придонесе за развој на економијата и туризмот, но и за продлабочување на билатералната и културната соработка.

Оваа директна линија ќе значи многу за туризмот но исто така и за равој на бизнисот и на комуникациите затоа што многу летови ќе одат преку Инстанбулскиот аеродром. Тоа е голема шанса за целиот регион, рече Александар Николоски министер за транспорт.
-Освен гостите од Истанбул ќе можеме да донесеме гости во Охрид од многу повеќе краишта во светот и граѓаните од Охрид ќе можат користејќи ја нашата линија да стигнат до 6 различни континенти. Билал Екси, главен извршен директор на Туркиш ерлајнс
Според статистиката турските туристи се најбројни, само лани над 280 000 гости од Турција ја посетиле земјава.
Новинар Соња Рилковска
