НП Галичица започна со реализација на новата едукативна програма. Ќе се едуцираат и возрасните, посетителите и туристите. Целта е да се доближат природните и културните вредности и знаменитости на паркот до јавноста. Едукацијата се состои ќе се состои од прошетка по едукативната патека, разглед на интерактивните содржини во Инфо центарот, но и презентација за значењето и биолошката разновидност на паркот. Секој треба да биде дел од заштитата на природата.
– Едукативната програма содржи кратка прошетка по едукативната патека, која е во склоп на инфо центарот. Потоа прошетка низ инфо центарот каде на интересен сликовит начинс е прикажани знаменитостите на НП Галичица. Една убава можност не само за посетителите и туристите, туку и за туристичките водичи, планинските водичи за подобро запознавање пред да ја искусат планината на еден авантуристички начин, дали преку планинарење, параглајдеризам или велосипедизам и слично, вели Ангела Тасеска Михајлоска еколошки едукатор.

Покрај новата програма за посетители и туристи и годинава продолжува еколошката едукација на учениците во НП Галичица.
-И оваа година еколошката едукација бидејки е веќе интегрален дел од упрваувањето на НП Галичица ни продолжува и оваа година дури и може со уште поголем интензитет. Исто така имаме покрај за посетителите едукативна нова програма и за учениците. Секогаш се трудиме да ја доближиме природата што поблиску до децата ни продолжуваат тематксите работилници и работилниците кои што ни се во рамки на проектот мрежа за искуствено учење едне проект кој достигна огромен успех.Така што очекуваме голем број ученици и овој пролетно летен период, додава Тасеска.
Изминативе неколку години во НП Галичица се едуцираа севкупно 2000 ученици не само од Охрид туку и од цела држава.
Новинар Соња Рилковска
