Објавен јавен повик за пријавување штети на земјоделските насади

Општина Охрид објави ЈАВЕН   ПОВИК за пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од природна непогода од снежни наноси и голомразица која ја зафати општина Охрид на 06.04.2025 година.

Општина Охрид ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските насади предизвикани од природна непогода од снежни наноси и голомразица кои ја зафатија општина Охрид на 06.04.2025 година, да пријават штета на своите  насади на Барања кои ќе им бидат достапни во просториите на архивата на општина Охрид.

Покрај Барањето секој барател треба да достави:

    • Копија од имотен лист
    • Копија од лична карта
    • Доказ за користење на земјиштето за насадите ( Решение за запишување на земјоделското стопанство во единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ, Имотен лист, Договор за закуп на земјоделската површина – се доставува доколку земјиштето е под закуп)
    • Трансакциска сметка

Со потпишување на Барањето се потпишува и изјава за веродостојност на податоците и изјава за согласност за користење на личните податоци. Доколку доставените документи не се целосни, барањето нема да се разгледува.

Пријавувањето на штетите може да се изврши во период од 09.04.2025 год. до 17.04.2025.год., секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани