Поради зголемениот број на посетители и настани за време на Велигденските празници, се воведува контролирано спуштање на рампа во стариот дел на градот со цел зголемување на безбедноста на пешаците и регулирање на сообраќајот во тој дел на градот.
Локација: Стариот дел на градот, рампа Горна Порта.
Период: од 18 (петок) април 07 часот до 22 (вторник) април 07 часот.
-Во тој период ќе биде ограничен пристапот на моторни возила, освен за жители на стариот дел на градот. Одлуката се донесе согласно минатогодишното искуство и согласно барањата на жителите од тој дел на градот. Ве молиме за разбирање и почитување на поставените знаци и упатства од надлежните лица. Ви благодариме за соработката и ви посакуваме мирни и радосни празници, пишуваат од ЈП Билјанини извори.
