Општина Охрид во соработка со ЈП Градски Пазар го организира деветтиот по ред традиционален Велигденски Базар. На Базарот зедоа учество сите заинтересирани занаетчии, основни и средни училишта, градинки, слаткари, пекари, уметници и производители на Охридски и традиционални јадења. Сакаме да напоменеме дека овој Велигденски Базар е од хуманитарен карактер, и дел од средствата кој што ке бидат собрани од продажбата на производите ке бидат донирани онаму каде што е најпотребно. Исто така ОО на Црвен Крст имаше поставено свој штанд каде што секој посетител имаше можност да донира за помош и поддршка на ранливите категории.










