Удрил во пешак и избегал

Удрил во пешак и избегал.

-На 24.04.2025 во 22.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, патничка автомобил удрил во пешакот Е.С.(59) од Охрид и го напуштил местото. Пешакот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за патничко моторно возило „фолксфаген ап“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.П.(24) од Охрид. По овластување на јавен обвинител увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, додека по целосно документирање на случајот против С.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани