Величествена Ѓурѓовденска литија во Струга

Со  торженствена Ѓурѓовденската  литија  Струга  се  поклони   на патронот Светиот  Великомаченик Ѓорѓи. Илјадници  верници и свештеници, монаштвото од Бигорскиот манастир и сестринствата со чудотворните мошти на светителот  го осветија  градот на мостовите.

Верниците., почит му оддаваа  стоејќи на двете  страни на улиците  и поздравувајќи ги моштите со фрлање цвеќе.

-Литијата ја карактеризира присуството на светите мошти на Свети Георигиј од манастирот во Рајчица, неговата чудотворна икона од истоимемиот храм во Струга, но годинава за првпат присуството и благословот нан Пресвета Богородица Гликофилуса. Тоа е една икон а, која потекнува од Света Гора, а неодамна верна изобразба беше донесена во Бигорската света обител, изјави  Архимандриѕт Кирил од Бигорскиот манастир.

Глетката величествена. Покрај биењето на камбаните,  пеењето на свештениците беше пропратено со хор и орекестар. Стружани од најмладо до најстаро, велат овие денови за нив се посебени.

 

Не само за мене туку и за секој стружанец овој празник претставува нешто навистина возвишено. Огромна  е честа да се биде дел од овој торжествен настан, а да се носат моштите на великомаченикот.

– За мене и за стружани овој настан е особена радост

-Ова е нешто величествено. Свети Георгиј и оваа година ги собра сите луѓе од Македонија а можам да кажам и пошироко. да му благодариме на победоносецот што секоја  година сме побројни.

Литијата е одлика на долгата струшка православна традиција. Овој величествен духовен настан , денес  една од најголемите литии на Балканот,   се негувала  два  векови, а е  возобновена последниве шеснаесет   години.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани