Oколу 500 средношколци од охридските училишта денеска трчаа за поддршка на семејствата на жртвите во несреќата во Кочани. Учениците преку хуманитарната трка „Од срце трчај, од срце дарувај за Кочани” ја искажаа својата почит кон младите кои го загубија животот и солидарност кон семејствата на жртвите во една од најголемите трагедии во поновата историја нашата држава.
Настанот беше во организација на ЈП „Билјанини Извори“ и СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид.
Трагедијата обедини голем број хумани луѓе, спортисти и граѓани кои преку спорт и заедништво изразија поддршка, сочувство и солидарност со сите засегнати семејства.
Трката покажа дека кога најмногу е потребно, хуманоста, младите и институциите се на вистинското место — рамо до рамо за оние на кои им е најтешко.
„Се изненадив од одзивот позитивно. На почеток мислев дека ќе нема заинтересирани ученици, но можам да кажам дека повеќе од 500 ученици се приклучија во трката”.-Ристе Јанкоски – директор на СОСУ „Свети Кирил и Методиј” Охрид.
„Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани,институции,подржувачи и спортисти кои се вклучија во оваа трка. Со ова Охрид покажува дека е хуман и солидарен град”.-Теодор Андоноски – директор на ЈП „Билјанини Извори” Охрид








