Со торженствена Ѓурѓовденската литија Струга се поклони на патронот Светиот Великомаченик Ѓорѓи. Илјадници верници и свештеници, монаштвото од Бигорскиот манастир и сестринствата со чудотворните мошти на светителот го осветија градот на мостовите.
Верниците., почит му оддаваа стоејќи на двете страни на улиците и поздравувајќи ги моштите со фрлање цвеќе.
-Литијата ја карактеризира присуството на светите мошти на Свети Георигиј од манастирот во Рајчица, неговата чудотворна икона од истоимемиот храм во Струга, но годинава за првпат присуството и благословот нан Пресвета Богородица Гликофилуса. Тоа е една икон а, која потекнува од Света Гора, а неодамна верна изобразба беше донесена во Бигорската света обител, изјави Архимандриѕт Кирил од Бигорскиот манастир.
Глетката величествена. Покрај биењето на камбаните, пеењето на свештениците беше пропратено со хор и орекестар. Стружани од најмладо до најстаро, велат овие денови за нив се посебени.
Не само за мене туку и за секој стружанец овој празник претставува нешто навистина возвишено. Огромна е честа да се биде дел од овој торжествен настан, а да се носат моштите на великомаченикот.
– За мене и за стружани овој настан е особена радост
-Ова е нешто величествено. Свети Георгиј и оваа година ги собра сите луѓе од Македонија а можам да кажам и пошироко. да му благодариме на победоносецот што секоја година сме побројни.
Литијата е одлика на долгата струшка православна традиција. Овој величествен духовен настан , денес една од најголемите литии на Балканот, се негувала два векови, а е возобновена последниве шеснаесет години.







