На ден 09.05.2025 година (Петок) предвидено е да се спроведе ларвицидна дезинсекција која има за цел уништување на ларвите на комарците заради спречување на ширењето на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.
Според документацијата за набавка на услуги ќе се поминат бараните локации со вкупна површина од 6050 м² а третманот против ларвицидна форма на комарци ќе се изврши терестички со употреба на гранули.
Истиот ден е предвидено да се изврши и дератизација. Со првата пролетна дератизација според документацијата за набавка на услуги ќе се поминат сите локации со предвидени 30 шахти за третирање.
Третирањето на површините ќе биде изведено од 10:00 до 16:00 часот само под добри временски услови поради ефикасно извршување на третманот.
Доколку, временските услови не дозволат да се спроведат третманите на дезинсекција и дератизација, тогаш истите ќе бидат одложени за наредниот ден или евентуално за некој нареден ден со поволни временски услови.
