Деновиве се одвиваа активности за асфалтирање, уредување и санација.

Во Стар град се изврши асфалтирање на два краци од улицата „Нада Филева“. Понатака на теренот со вештачка трева кој е во склоп на СРЦ „Билјанини извори“ се изврши реконструкцијата на дел од оградата и трибината на фудбалскиот терен со вештачка трева.

Во Пештани и Рача, се постави осветлување на спортските игралишта со што се овозможи нивно користење и во вечерните часови. Продолжуваме со посветена работа, напиша градоначалникот Пецаков на официјалниот Фејсбук страница.
