Привршува реконструкцијата на Музејот на вода во Градиште

Привршува реконструкцијата на Музејот на вода во Градиште. Се врши санација на платформата и   24 – те праисториски куќички распослани врз синото езеро. Станува збор за најпосетениот музејски комплекс на крејбрежието, единствен од ваков вид на Балканот.

Локалитетот кој ги чува и  открива  тајните на  праисторијата.

 

-Имаме се што тие луѓе користеле во праисторијата во еден ден. Садови за јадење, пиење,готвење и алати. Значи се што користеле во секојдневието, чуваме дури и некои од оригиналните дрвени столбови на кои стоела населбата, вели Христијан Петровски археолог водич.

Наколната населба  е магнет за туристите. Сликовито и детално го претставува животот на племенските заедници  во едно далечно време.

-Од Полска, многу ми се допадна, интересно и за мене и моето семејство, вели турист од Полска.

-Едноставно не ја познаваме доволно оваа земја тоа е предизвик, навистина преубаво. 0056 Кукичките се прашуваме зошто ги изградиле на вода, сакаме да знаеме повеќе, вели гостинка од Полска.

Музејскиот  комплекс   е распослан на 20 000 метри квадратни, има  наколна населба, затворен музеј, пристаниште, обновен римски каструм  и нуркачки центар, со што гостите може да уживаат и во подводна авантура.

-Се работи за артефакти кои полагаат од бронзено и железно време околу три до четири илјади години стари. На дното  на езерото буквално кај Заливот на коските покрај малите и средна големина риби има и по некоја змија но сите тие се дел од екосистемот и нема никаква опасност, вели Јован Секулоски нуркач.

Последен пат музејскиот комплекс беше реновиран на  почеток на 2017 година,.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани