Земјотрес ги вознемири охриѓани

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во земјава денеска во 4:34 часот по локално време, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот е лоциран на 9 километри североисточно од Охрид и на 66 километари од Елбасан во Република Албанија.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за евентуални штети. Освен во Охрид, земјотресот е почувствуван и во околните населени места, како и во пограничните делови во Албанија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани