Во пешачка зона прегазени две лица, 44 годишна жена почина

Две лица синоќа беа прегазени на пешачката зона на троатоарот кај Мини маркет. Патнички автомобил „Голф 7“ со голема брзина изгубил контрола, поминал преку кружниот тек, ја пробил заштитната ограда и излетал од коловозот на спротивната страна од „Туристичка“. Четириесет и четири годишна охриѓанка го загуби животот а со повреди се здобил и  нејзиниот колега.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил и возачот кој имал привремен престој во Охрид.

Во тек е  истрага за утврдување  на причините кои довеле до сообраќајката.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани