Повторно одложено судењето за родилката од Дебар

Повторно одложено судењето за родилката од Дебар, која при породување во струшката болница остана без три органи. Одбраната поднесе кривична против супервештаците од медицинскиот факултет, затоа што биле ангажирани надворешни членови. Второбвинетиот  кој промени  три адвокати денес повторно одложи заради здравствени причини на своето дете. Оштетените велат се прави се за да застари делото и обвинетите доктори да не сносат одговорност.

-Се е јасно одбраната нема теза како да ги ослободи своите клиенти они ќе одговараат за стореното единствено нивни спас е застареноста на кривичното дело што лично мислам дека нема да се случи, рече Сашо  Јанев адвокат на оштетената.

-И моите две деца што чекаат дома чекаат здрава права мајка.  Ова одложување и ова одење на застареност да застари делото влијае врз моето психичко здравје и врз моите деца и врз мојата фамилија, вели Јилдаз Веапоска oштетена.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани