Се судрија мопед и велосипедист.
На 24.06.2025 околу 19.00 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, случена е сообраќајна несреќа помеѓу мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Ф.М.(22) од Охрид и велосипед управуван од Н.Д.(60) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а со телесни повреди возачот на мопедот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
