Реконструиран комплексот Залив на коските. Со 15 милиони денари комлетно заврши реставрацијата на најпосетуваниот музеј во земјава наколната населба во Градиште. . Се изврши санација на платформата и 24 – те праисториски куќички распослани врз Охридското езеро.

-Со консолидирање на состојбата во земјата, очекувам инвестициите во културата да бидат уште поголеми. Не сличајно секторот туризам го додадовме до министерството култура, и тоа стана Министерство за култура и туризам, бидејќи споредн направените истражувања најголемиот дел од посетителите, односто туристите кои ја посетуваат Македонија како туристичка дестинација, токму тоа е и причината зошто ја посетуваат, односно богатото културно наследство, изјави премиерот Мицкоски.
-Презедовме доста чекори за реставрација на самата палафитна населба , на изложбениот простор во музејот, санитарните јазли,осветлување, вентилација, целиот комплекс и она што не се гледа наводнувањето ќе го решиме наскоро објавен е тендер, вели Горан Патчев директор на Завод и музеј.

Почетокот на фестивалот Охридско лето вечерва го најавува стартот на главната туристичка сезона.Охрид е преполн со туристи, а во следните 40 денови најголемата музичко сценска манифестација во земјава дополнително ќе привлекува гости.
– По бројот на продадени карти и попбарувања кои што ги имаме оваа година сфатив дека имаме одлична програма на 65 то издание се разбора дека тоа ќе привлекува многу повеќе туристи во Охрид и регионот , рече Зоран Љутков министер за култура.
Премиерот Мицковски рече владата силно работи на развојот на туризмот а тоа го гпотврдуваат официјалните бројки на државна статистика годинава за 16 %е зголемен бројот на туристи споредбено со лани. Градоначалникот Пецаков вели Охрид е инфраструктурно подготвен за шпицот на сезона.
-Пуштањето во употреба на реконструираниот пат Охрид Свети Наум и утре делот кој ќе го пуштаме во употреба на автопатското решение во делот од Охрид Врбјани означува подобар пристап на туристите, зголемен број на туристи и секако поголема атрактивност на градот, вели Кирил Пецаков градоначалник на Охрид.
Новинар Соња Рилковска

