„Вкуси го Охрид локално – Вол. 4“ – Празник на локалната храна

„Вкуси го Охрид локално – Вол. 4“ – Празник на локалната храна, културата и занаетчиството
Слоу Фуд „Лихнидос“ – Охрид со гордост Ве поканува на четвртото издание на манифестацијата „Вкуси го Охрид локално“ кое ќе се одржи на 26 јули 2025 година,  на плоштадот Долна Порта со почеток во 19:00 часот.

Настанот ќе понуди незаборавно доживување под отворено небо, посветено на промоција на локални производи, традиционална гастрономија, занаетчиски вештини и културното наследство на Охридскиот регион. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во:

Дегустација на локални специјалитети и вина

Промоција на домашни производи и занаетчиски изработки.  Демонстрации на традиционални занаети

Културно-уметничка програма со настапи на фолклорни ансамбли

Наградна игра со локални производи

Манифестацијата е поддржана од Општина Охрид и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и има за цел да ги зајакне локалната економија, автентичната гастрономија и женското претприемништво.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани