Ќе се асфалтира улицата „Зелен пазар-Трафо Бебекој“ во Вевчани

Продолжуваме со активности за комплетна реконструкција на главните сообраќајници во општина Вевчани.
Завршени се административните процедури, склучен е договор со избраниот изведувач за реализација на градежни работи за комплетна рекнструкција на локалната улица на потегот од „ Зелен пазар-Трафо Бебекој“.
Започнати се подготвителните работи, а наскоро ќе се започне со градежните работи на терен.
Апелираме до сите домаќинсктва кои што живеат во непосредна близина на трасата, доколку имаат потреба од приклучоци на електричната, водоводната и канализационата мрежа истото да го сторат во текот на реализација на градежните работи пред завршното асфалтирање, информираат од општина Вевчани.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани