Стружани бараат возобновување на црквата кај Женска плажа

Со масовен црковно  народен собир стружани денес  на големиот христијански   празник, повторно ппобараа  возобновување на  црковниот храм кај  Женска плажа. Идејата е стара речиси две децении , да се возобнови црквата врз  старите темели на црковно земјиште.

Но иницијативата иако е поднесена повеќе пати до општината,   не наидува на разбирање кај локалните власти и  не добива  одобрение за градба.

– Идејата за возобновување на ова светилишто овде не е од сега. Знаете да, со децени тлее, не уште во крајот на XIX век имаме историчари и патеписци што пишуваат дека овде имало  храм. Ние сега остваруваме овде богослужбените потреби на ваков начин,  но секако дека е реална потреба, вели отец Александар Димоски свештеник.

– Ние не бараме ништо повеќе ништо помалку туку да ни биде вратено тоа што ни го сотавила Богородица што ни го доверила на чување а тоа е прекрасниот храм што треба да никне овде кој го псоакува цела Струга со срце и со душа, вели верничка.

Старите стружани велат желбата за црковен храм  е вековна, во Струга од осамостојувањето на државата до денес не е изградена ниту една нова црква.

-Обавезно мора да се обнови и мислам дека греши некој што мисли дека не би требало тука да се изгради, а тука треба да се изгради. Ова е црквата, вели Стефан Лазароски од црковниот одбор.

– Од 2010 година вратен е имотот на црквата со денационализација.15 години е земиштето во сопственост на црквата и нормално постои иницијатива за изграда на храм, , вели Христијан Ковачевски секретар на црковен одбор.

Пронајдените докази сведочат дека на ова место имало велелепна црква псоветена на Мајката Божја.

Денес на локацијата има само еден мал параклис кој сведочи за пронајдените арте факти.

Новинар Соња Рилковска

МРТВ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани