Наместо да се сослушаат супервештаците, повторно се одложи судењето за родилката од Дебар, која при породувањето во струшката болница остана без три органи. Адвокатот на обвинетите лекари, таткото и синот Асани, рече во рок од 48 часа ќе достави писмен поднесок за изземање на судијата со детали, а во истото барање ќе побараат изземање и на претседтаелот на судот Струга и на претсадетол на Апелациониот суд Битола со цел предметот да биде разгледан пред Врховниот суд во Скопје.
За оштетените ова е последниот очајнички обид за застарување на делото.
-Доста ми го одзедоја моето здравjе, сега сакаат и психата да ми одземат и срамно е докторите да дојдат од супервештаците од Скопје и наместо да има завршни зборови, има одлагање до kкога не знаеме, за другото рочищте, кога ке биде, како ке биде, значи, ако застари делото, срамно за цела наша држава, рече Јилдаз Веапоска.

– Тоа значи дека ова се последните трзаи на луѓе кои немаат што повеќе да извадат од ракав, веќе сите асови се пропаднати и да ќе постои нешто што може да го направи иземањето. Јас верувам дека судот ќе биде брз, ефективен, брзо ќе се одлучи поднос на овие очајнички потези на одбраната и ќе добиеме осудителна пресуда , истакна Сашо Јанески адвокат на оштетената.
Обвинителката очекува барањето да биде одбиено и случајот да продолжи во струшкиот суд и што поскоро да има пресуда.
– По толку траење на постапката, денес одбраната побара изземање на судијата, барање кое можеше да го побараат порано, а поради ова не можеше судот никако да постапува. Ние сме против овие барања и побаравме судот да ги одбие , па се надеваме истите да бидат одбиени, вечи обвинителката Ермира Муса Нура.
Случајот со Јилдаз Веапоска, во кој тројца лекари се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето, веќе трета година е во судница. Судскиот процес тече со бројни одлагања, враќања на почеток, менување на судии и обвинители. Делото застарува идната година.
Новинар Соња Рилковска
