Втора година по ред „Училишта без пластика“ во Охрид

Програмата “Училишта без пластика” веќе стартуваше со садење на генерациските дрвца на првоодделенци и учениците од прва година во училиштата.
Првата година оваа програма беше спроведувана во четири основни училишта во Охрид, оваа година на наша радост на програмата се приклучија уште три основни училишта и средните училишта. Целта на програмата е поставување на одржлив и функционален систем за селекција на пластика, метал, хартија и ситен електронски отпад во училиштата. Според програмата училиштата формираат или ги задолжуваат веќе постоечките еко-секции во рамките на училиштето коишто покрај тоа што работат на воспоставување на овој систем за селекција земаат учество и во дополнителни едукативни и креативни работилници за најголемите загадувачи како пластиката, текстилот и учат за практични примери за рециклирање или реупотреба на селектираните фракции отпад, информираат од Збогум Буково.
Еко-секциите како водечки ентитет во училиштата имаат должност за дисеминација на стекнатото знаење и позитивни пракцс на своите соученици во сите одделенија и класови.
-Во програмата се планирани и неколку настани и теренски акции како пошумување, садење дрвја во урбана средина, еко-пазарот на алишта и предмети на втора рака, обележување на глобални и европски денови значајни за одржливиот развој на градовите со цел подигање на свеста за загадувањето, потребата од зелени површини, потребата од алтернативни начини за транспорт и одржливи пракси во секојдневното живеење.
Оваа програма се спроведува веќе втора година во соработка со Ј.П. Охридски Коминалец, Охрид, Енхелеус Лихнид, Пакомак и Нула Отпад, Скопје, информираат организаторите.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани