Дваесетгодишно момче нападнато со нож.
СВР-Охрид поднесе кривична пријава против И.А. (19) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид“. Тој, на 14.09.2025 година во 05.10 часот, во продажен објект а потоа и надвор од објектот, лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, со нож го нападнал Х.С.(20) од Охрид. Напаѓачот веднаш беше лишен од слобода а повредениот, со возило на Итната медицинска помош беше префрлен и задржан на лекување во Општата болница во Охрид.
