На потпишувањето на Кодексот присуствуваа четворицата кандидати, актуелниот градоначалникот Кирил Пецаков како кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Асен Шајн од СДСМ и Коалицијата, Стевче Стевоски како кандидат од Твоја партија и Гоце Цветкоски како незвисен кандидат.
-Денес, како кандидат за градоначалник на Општина Охрид, го потпишав Кодексот за фер и демократски локални избори 2025 година. Ова не е само формален чин, туку моја цврста обврска кон вас, граѓаните, дека ќе водам кампања која ќе биде чесна, отворена и во согласност со највисоките демократски принципи.
Верувам дека фер изборен процес е основа за изградба на силна и одговорна локална самоуправа. Затоа, моите заложби се во насока на политичка толеранција и меѓусебна почит помеѓу сите кандидати и кампања без говор на омраза, навреди и напади. Нашата борба треба да биде битка на идеи, програми и визии за подобар Охрид, транспарентност во секој аспект од кампањата и отчетност кон граѓаните.
Ги повикувам сите политички субјекти и другите кандидати да се придржуваат до овој кодекс и да покажеме дека можеме да имаме зрела политичка култура, каде што изборот на граѓаните се почитува без притисоци.
Искрено се надевам дека сите учесници во овие избори ќе го задржат достоинството и комуникацијата ќе биде на високо ниво, поучени од минатото дека ниското ниво на комуникација не резултира со никаков позитивен исход, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот Пецаков.

