Средба на македонски и српски писатели

Суштината на литературата е во тоа што не познава граници. Соработката на македонските и српски писатели и поети влечи длабоки корени од минатото и се негува и ден денес.
Ова беше посочено на денешната средба помеѓу српски и македонски писатели и поети која се одржа во просториите на Почесниот конзулат на Република Србија со седиште во Охрид во организација на Здружението за српско – македонско пријателство „Коштана“.
Почесениот конзул на Република Србија во Охрид, Михајло Филев, истакна дека денешната средба е литературен книжевен спектакл со еминентни имиња.
Заедно со српските и накедонските писатели беше и нашиот,драг,почитуван,ценет пријател писателот г-дин Радомир Андриќ, поранешен претседател на Друштвото на писатели на Србија, навраќајќи се на минатото се сеќава на соработка со Блаже Коневски, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Радован Павловски, Ренџови, на учествотото повеќе од 40 пати на Струшките вечери на поезијата, но и на преведените негови книги на македонски јазик, за кои вели досега се седум.
Домаќин на средбата беше познатиот македонски поет Славе Ѓорѓо Димоски со уште неколку поети од Охрид. Димоски ја потенцираше соработката со Радомир Андриќ кој е, вели, жив класик во српската литература, современа поезија.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани